ТРАНСПАРЕНТНИ (ГЛИЦЕРИНСКИ) САПУНИ
Јоргован и каранфил#5551
Сапун со мистериозен мирис на расцветан јоргован и ноти на каранфил, петигрен и иланг – иланг. Користена е комбинација од етерични масла, познати по своите терапевтски својства.
- Каранфилово масло – со силно антимикробно и тонизирачко дејство.
- Масло од петигрен – дејствува антисептично дезодорирачко, со добар ефект врз проблематична кожа.
- Иланг - иланг – етерично масло, насекаде признато како исклучително силен афродизијак, кој истовремено стимулира, поттикнува и има антидепресивно дејство.
- Афионово семе – полнењето со семе дополнително се грижи вашата кожа да биде нежно ексфолирана.