Во последните години, светските трендови наметнуваат т.н. транспарентни сапуни, сапуни на килограм, поради нивната мекост, а и атрактивен надворешен изглед. Тие содржат глицерин, една многу важна состојка. Глицеринот се добива во моментот на самата сапунификација на мастите. Но може да се стави и дополнително. Тој има не само функционално значење како состојка, но го осигурува пријатното омекнувачко и хидратантно дејство врз кожата по употребата на транспарентниот калап.
Овој вид сапуни на килограм се произведуваат и во фирмата РЕФАН. Нашите глицерински сапуни се добиваат од масни киселини од растително потекло. Рецептурата за оваа глицеринска маса е основана во фирмата пред повеќе од 10 години, од наши специјалисти.
За овие сапуни е карактеристично дека се трошат по-брзо од класичните тоалетни сапуни, поради различниот состав. Тие имаат кристална структура, за чие добивање се бара специфичен состав и технологија. За да се добие тој надворешен изглед, активната супстанција (во случајот сапун) е по-мала.
Кај транспарентните сапуни се задржуваат сите квалитетни карактеристики на стандарден сапун (како што е обилна пена, тврдост, мекост, минимално трошење и др).
Сапуните на килограм од колекцијата на Рефан се рачна изработка - неверојатен производ кој излегува од границите на хигиенско средство и претставува еден естетски, козметички производ. Во составот на нашите сапуни влегуваат различни природни состојки - растителни масла, екстракти, билки, зачини, ореви, делови од растенија, етерични масла.